НАВИВАЧИТЕ ВО ШОК - Ибрахимовиќ ја завршува кариерата?!

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ би можел да ја заврши кариерата по здобиената повреда во текот на вчерашниот натпревар во Лига Европа против Андерлехт.

Ибрахимовиќ, кој можеби вчера го одигра најлошиот натпревар во сезоната, го повреди коленото во буквално последните секунди од натпреварот, по што со помош на лекарите успеа да го напушти теренот со многу потешкотии при одењето.

Навивачите на Манчестер јунајтед се загрижени за повредата бидејќи во следните неколку кола следат најважните натпревари кои ќе одредат дали Манчестер следната сезона ќе игра во Лигата на Шампионите.

Коментари

Популарно