(ВИДЕО) „Се шетав со синот во полето: Одеднаш видовме огромни пајажини, а потоа почнав да врескам”

„Тоа е навистина фасцинантно. Јас никогаш во животот не сум видела ништо слично“, рекла Марис.

Трејси Марис одлучила да го помине Велигден со своето семејство во местото Папамоа, на источниот брег на Нов Зеланд. Меѓутоа, не можеле да претпостават што ќе ги дочека таму. Тие забележале огромна пајакова мрежа преку целото поле. Неколку моменти подоцна, започнала да вреска.

„Станува збор за насип поголем од фудбалски терен“, рекла Марис.

Таа на новинарите од Нов Зеланд им ја опишала пајажината како гнездо на огромен пајак.

„Се упативме понатаму нагоре и нашите стапала заглавија во пајажината, а потоа забележавме мали црни пајаци на врвот. Врескав навистина гласно. Ох Боже, тие беа насекаде, имаше буквално илјадници пајаци“, додала уплашената Марис.

Кога пајаците почнале да се качуваат по нозете на нејзиниот син, Марис со телефонот ја снимила таа блиска средба.

„Тоа е навистина фасцинантно. Јас никогаш во животот не сум видела ништо слично“, рекла таа.

Локалниот кустос во музејот и експерт за овие животни, Кор Винк, рекол дека пајажината на Нов Зеланд е најнормална работа.

„Пасиштето е полно со пајаци, а многу луѓе не го сфаќаат тоа. Таа мрежа всушност им помага за полесно да „слетаат“ на дното. Ветерот ги разнесува, а оваа свила која ја направиле им служи како некој вид на падобран“, истакнал Винк.

Нов Зеланд не е единственото место на Земјата каде што се појавуваат овие мали суштества во голем број.

Коментари

Популарно