Нови потресни сведоштва за лажниот гинеколог: Заради него ја изгубив шансата да добијам дете

Деновиве, благодарение на храброста на многу жени и брачни двојки, се отплеткува клопчето околу злоупотребите и манипулациите на гинекологот Никола Дамчевски, сега вработен на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Со своја сторија за Нова се јавила жена од Скопје која по препорака на матичниот гинеколог и била закажана итна операција од полип во матката, за потоа и направат Ин витро. На операцијата требало да присуствува и матичниот гинеколог.

„Кога се освестив од анестезијата немаше никого, ниту едниот, ниту другиот гинеколог. Немаше никакви траги од операција. Но, следниот месец Дамчевски ми кажа дека не е се завршено, да доаѓам секој месец да ми става по една јајце клетка. Го прашав како е тоа возможно, нели се плаќа тоа, од каде тие јајце клетки. Тој ми рече дека ги чува замрзнати, да не се секирам, дека наши луѓе сме. Ние му плаќавме како за инсеминација, а на шалтер кажуваше дека ми правел ЕХО преглед. По два месеца се освестив и се откажав од двајцата лажговци“, раскажа за НОВА, оваа скопјанка која с се сомнева дека Дамчевски имал соработници.

Друга жена вели дека за шест обиди со Ин витро му платиле повеќе од 6000 евра на гинекологот.

„Дамчевски ни ги зема сите пари што ги имавме. Немам документи за тоа, но подготвена сум да сведочам. Се сомневам во се што правеше, а ми даваше цело време агресивна хормонална терапија. Изгубив шанса да добијам дете поради него, се случуваа страшни работи. Многу плачев“, раскажа оваа 46 годишна жена.

Коментари

Популарно