(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Човекот кој со секира уби куче е во полициска станица, граѓани се собраа на местото на злосторот

Човекот кој вчера попладне со секира убил куче во центарот на Скопје, во скопската населба Дебар Маало, веднаш до кафе-барот Радиобар моментално се наоѓа во полициска станица.

На местото на злосторството имало полиција а приустна била и поголема група граѓани, организирани преку социјалните мрежи за да се осигураат дека полицијата ќе реагира.

Инаку, еден од присутните во кафе-барот го снимил човекот кој го убил кучето. Дел од насобраните, како што се гледа од видеото, му се спротиставуваат на што тој се брани дека кучето лаело, го напаѓало и немало што друго да прави.

Неговото име е Симе Липски.

Според Член 233 од Кривичниот законик:

(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

Стотина граѓани се собраа вечерва пред домот на убиецот на кучето во центарот на Скопје, револтирани од суровоста и варварското однесување. Тие бараат казна за убиецот и брза рекација на институциите.

Овој убиец, на сред ден во центарот на Скопје уби куче со секира додека тоа мирно лежеше пред едно кафуле. Го убил зошто лаело. Ваквото лишување од живот на кучето предизвика жестока рекација на жителите на Скопје кои се собраа пред неговиот дом.

Претходно, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски изрази згрозеност од ладнокрвното убиство на кучето и интервенираше во полициската станица во Центар. Тој рече дека сторителот ќе одговара и дека е утврден неговиот идентитет.

„Кучето плачеше многу, а крв прскаше на сите страни. Човекот дојде и бездушно почна да го мава. Сите се исплашивме и ни беше страв да се приближиме, затоа што мислевме дека може и кон нас да се сврти со шипките“, ни рече една од гостинките во кафулето.

Многу пати досега, граѓани и активисти пријавувале насилство врз животни во полиција, но полицијата многу ретко, па речиси и никогаш не реагира.

Коментари

Популарно