Проговори поранешното момче на Цеца: Аркан ме уапси додека бев со Цеца во кревет

По долги години молк проговори поранешното момче на Цеца, Хајрудин Самарџиќ. Цеца, тогаш Величковиќ, на почетокот на деведесеттите години во Швајцарија започнала страсна врска со естрадниот менаџер и фудбалер.

Со него беше три години, но нејзините родители биле против поради различната вера. Тогаш се говореше дека таткото на Цеца дури побарал од Аркан да ја врати Цеца назад во Србија.

Хајрудин вели дека поради Цеца и Аркан, имал многу проблеми во животот и дека дури завршил во логор.

- Аркан ме уапси додека бев со Цеца во кревет. Лежеше со мене гола во хотелот кога упаднаа припадници на државната безбедност. Оттаму ме однесоа во логор каде што едвај извлеков жива глава - вели Хајрудин за Српски Телеграф.

Тој уште вели дека Цеца со него сакала да основа семејство.

- Сакаше мое дете. Три пати абортираше, бидејќи јас не сакав да роди. Тоа е баксуз жена. Кој и да бил со неа сега е мртов и го нема - вели поранешното момче на пејачката.

Коментари

Популарно