Тој е нејзината среќа: Мелита Ракиќевиќ ексклузивно откри дека ќе се мажи по втор пат!

Мелита Ракиќевиќ неодамна гостуваше во емисијата „Живот со стил“. Водителката Елена Стефановска ја најави како Македонка за која секој знае се, но колку од тоа е вистина? Во прво лице… за приватниот живот, новата љубов, ќерката, стилот, но и хејтерите, со дамата која нема влакна на јазикот.

По долги години Мелита повторно ја видовме на малите екрани, но овој пат во улога на гостинка. Таа проговори за разводот и за нејзиното момче, како и за тоа дали по втор пат би застанала на лудиот камен.

На прашањето за бракот Мелита вели:

"Едноставно оставам времето да покаже. Немам предрасуди ниту кон еден, ниту кон повеќе бракови. Доколку сум во истава врска и има љубов би сакала тоа да трае вечно."

На прашањето „што е за тебе среќа“ убавата бринета вели:

"Јас сум среќна во секој момент. Кога одмарам сум среќна, кога добивам подароци сум среќна, кога мојата ќерка Барбара ќе постигне успех на училиште…"

Инаку деновиве на својот Инстаграм профил таа сподели фотографија со новото момче Виктор во чиј опис напиша: „Ти си  мојата среќа“. Очигледно новата љубов е најголемата причина за насмевка периодов на лицето на Мелита.

Коментари

Популарно