Најава за ново невреме денеска

Денеска е четврток, 25 мај 2017 година, 145-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 220 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 6 минути,  а ќе зајде во 19 часот и 55 минути.

Денов трае 14 часа и 49 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 5 и 3 минути, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови каде што се очекува и појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 15 до 22 степена.

Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно, во попладневните часови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Во текот на наредните денови ќе се задржи попладневната нестабилност и ќе дува претежно северозападен ветер. Во недела малку покачување на температурата и почести сончеви периоди, а од понеделник не се очекуваат врнежи. Температурата ќе достигне до 27 степени. 

Коментари

Популарно