Шок на естрада: Харис Џиновиќ на 70 години ќе стане татко?

Модната креаторка Мелина Џиновиќ вели дека таа и нејзиниот сопруг Харис Џиновиќ сакаат да добијат трето дете.

Тие веќе имаат две деца, но се надеваат дека ќе добијат уште едно.

-Многу ми е жал што долго се двоумевме дали сакаме трето дете. Посветени сме на нашите кариери, но и понатаму не губиме верба и надеж, вели Мелина, која за пејачот се омажила кога имала 22 години.

И покрај тоа што нејзините креации ги носат светски познати ѕвезди како Џенифер Лопез, Шерон Стоун и други, таа вели дека не се меша во облекувањето на нејзиниот сопруг, бидејќи како што вели, задоволна е со неговиот изглед.

Коментари

Популарно