Остана на улица среде Белград: Запленет станот на познатата српска пејачка!

Ме исфрлија од сопствениот стан. Прелажана сум како и други Срби, вели познатата фолк пејачка со изјава за медиумите од регионот.

Пејачката Гоца Божиновска вчера остана без својот дом во Белград кој и беше запленет, а како што се зборува по вина на инвеститорот кој и ги земал парите на пејачката и побегнал во Русија. Божиновска била шокирана кога судските извршители и дошле на врата, а малку бодоцна буквално се нашла на улица.

-Да, ме исфрлија од станот. Не можам ништо друго да кажам. Прелажана сум како и други Срби, вели шокираната Гоца. Меѓутоа, пејачката не е единствената жртва на овој инвеститор, туку и уште неколку станари кои останале без своите домови, а ја имаат истата приказна како и Гоца.

Коментари

Популарно