(ФОТО) Анџелина Џоли го заборави градникот во Дизниленд

Анџелина Џоли ги одведе своите деца во Дизниленд, каде сите го прославија роденденот на Шајло, соопштува Daily Mail.

Пријателите на Џоли потврдуваат дека по разводот со Бред Пит, децата станале најблиското друштво на актерката.

Сега практично целиот нејзин живот е посветен на шестмината адолесценти. Медиумите успеаја да снимат различни официјални и неофицијални настани, како прошетки по улиците или зоолошката градина.

Изданието објавува фотографии на Анџелина со шесте нејзини деца. Шајло е првото биолошко дете на Џоли и Пит и полни 11 години.

Двајцата се разделија во септември 2016 година, а првично односите им беа прилично затегнати. Постепено актерите најдоа пат еден кон друг и Пит веќе успеа да ги види неколку пати децата.

Исто така, стана јасно дека ѕвездите купуваат станови кои се блиску еден до друг.

Џоли изненади со спортскиот изглед, но беше заборавила за градникот што ги насочи погледите на модните критичари кон неа.

Коментари

Популарно