Анастасија до мама Цеца: Ти не заслужуваш ѕвездено небо!

Веќе знаете дека Цеца  вчера го прослави 44. роденден во кругот на семејството и најблиските пријатели и соработници, за кои приредила гламурозна роденденска забава во еден престижен ресторан, кој бил специјално декориран со балони во розева и бела боја.

Во морето подароци, веројатно најдрага и била честитката од нејзината ќерка Анастасија, која напиша:

-„Блескај, блескај, ѕвездо најголема. Среќен роденден мамо! Никогаш да не го изгубиш својот сјај и секогаш да бидеш онаква кава што си. Ти не заслужуваш ѕвездено небо, туку цел универзум. Секогаш во тебе го гледав најдобриот пример и никогаш не ме изневери. Целиот живот си била најголем борец, низ подемите и падовите секогаш си била грациозна како ѕвезда. Висока и недопирлива, но секогаш предмет на воодушевување. Затоа мамо, ова е твој ден и знам дека заедно ќе го славиме во кругот на семејството, како што доликува а знам дека ти во тој круг си најсреќна.“ - напишала Анастасија во честитката.

Коментари

Популарно