Видео: Голем шумски пожар во Португалија – 57 мртви

Во голем шумски пожар што ја зафати Португалија животот го загубија најмалку 57 луѓе, соопштија властите. Повеќето загинале обидувајќи се да побегнат од регионот на Лериа во центарот на Португалија, при што биле фатени во огнена стапица во нивните автомобили.

„Ова е без сомнение најголемата трагедија што се случила во шумските пожари”, со многу емоции изјави португалскиот премиер Антонио Коста.

Португалија е зафатена од топлотен бран и температури кои вчера во некои региони поминаа и 40 степени. Во текот на ноќта низ цела земја имаше пријавено 60 пожари.

Ангажирани се 1.700 пожарникари, а во гаснењето им помага и соседна Шпанија.

Коментари

Популарно