Севе се нафатирала од алиментација: Колку пари месечно и плаќал Милан?

Откако Северина рекла дека го изгубила бебето поради стрес за време на судската борба за старателство над синот, нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ решил да ја открие својата страна на приказната.

Тој рекол дека му е жал поради тоа и дека е сигурен дека пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ ќе „имаат нова шанса да добијат дете“. Напоменал дека Севе не ја каува вистината кога рекла дека нивниот 5-годишен син Александар не го видел 18 месеци.

- Вистина е дека не го гледав синот, но тие периоди беа кратки. Според претходната пресуда, јас 250 дена од годината немав право да го гледам своето дете. Ми беше тешко. Мојата желба што повеќе време да поминувам со него ме водеше низ целата постапка, рекол Поповиќ, кој со одлука на судот постигна заедничко старателство со пејачката.

Попови тврди и дека на Северина месечно и давал по 10.000 евра.

- Редовно плаќам алиментација. Инаку и за тие 18 месеци, кои незнам како се пресметани, редовно си го плаќав издржувањето. Давав околу 10.000 евра месечно. Плус и помагав околу албуми, турнеи, настапи, спотови и се што беше потребно, рекол Поповиќ.

Коментари

Популарно