Поранешниот на Северина доби син со 28 години помладата девојка: Детето доби неочекувано име!

Милан Поповиќ и неговата партнерка Бојана (23) вчера станаа родители на момче, а детето ќе носи име како неговиот татко Милан.

Инаку како што Милан изјавил, смета дека Бојана ќе биде одлична мајка.

"Се вика Бојана, се запознавме во Белград пред повеќе од две години. Студира маркетинг, од добро семејство е, многу е згодна, образована, млада, има 23 години, снаодлива и секогаш спремна за шега. Со неа нема караници и несогласувања, дури ниту сега кога е бремена. Мила е, драга и мислам дека ќе биде супер мајка, а тоа ми е важно", рекол во една прилика Поповиќ.

Бизнисменот го има и петгодишниот син Александар од врската со хрватската пејачка Северина Којиќ.

Коментари

Популарно