Песна од Тоше на Македонски во финалето на „Ѕвездите на Гранд“

Македонскиот фаворит,  Ристе Ристески  во трката за триумф во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ се реши во финалето да пее на Македонски јазик.

Како со својот маестрален вокал, така и со шармот, тој го пленеше жирито од емисија во емисија. Големото финале е закажано за среда (28-ми јуни), а кандидатите влечеа „ждрепка“ за да го изберат редниот број. Нашиот Ристе го извлече бројот седум.

– Го извлеков бројот седум и се надевам дека ќе биде мојот среќен број утревечер. Ќе отпеам прекрасна балада од Тоше Проески на македонски јазик и уште една, која ќе биде изненадување. Како единствен финалист од Македонија, ќе дадам се од себе за да ја претставам мојата земја во вистинско светло, вели Ристе Ристески . Саша Поповиќ и Лепа Брена подготвуваат огромен број на изненадувања за финалната вечер.

Мега ѕвезда на вечерта дефинитивно ќе биде Јелена Карлеуша која после долгата пауза ќе објави две нови песни од кои „Остављам те“ во дует со Азис и „Банкина“ во дует со Аца Лукас. Годинешното финале ќе се одржи на 28-ми јуни во огромното студио на Гранд во Белград.

За прв пат оваа година ќе има двајца победници, едниот ќе го избере публиката преку СМС гласови, додека другиот жирито заедно со сите таинствени гости кои се појавуваа во улога на 7-ми член. Двајцата победници ќе добијат бесни автомобили, песни, спотови и илјадници евра вреден маркетинг, додека сите финалисти добиваат по една песна во продукција на Гранд.

Коментари

Популарно