НЕВРЕМЕ: Дожд, ветер, град....

Денеска е недела, 16 јули 2017 година, 196-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 169 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 11 минути, а ќе зајде во 20 часот и 7 минути.

Денов трае 14 часа и 56 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде во 12 часот и 25 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температутра ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 21 степени.

Коментари

Популарно