(ВИДЕО) Очи полни желба: Љупка Митрова на FASHION TV

Младата струмичанка Љупка Митрова полека, но сигурно вплови во модните води, иако позирањето засега е само нејзино хоби.  Иако е посветена сопруга и предана мајка на две ќерки, таа знае како да ужива во животот и задоволствата што тој ги нуди.

Поривот да се фотографира и да ги покаже своите раскошни атрибути,  Љупка Митрова од социјалните мрежи ја одведе многу подалеку. Така, сексапилната струмичанка од завчера можете да ја гледате и на светски познатиот моден ТВ канал, FASHION TV.

Таа во новата реклама, снимана од ЗОНДЕ ја претставува новата колекција на бикини од познатиот македонски бренд „Дуки Дасо“.

Погледнете го рекламното видео што го изработи Зоран Зонде Стојановски и уживајте.

Коментари

Популарно