ФОТО: Преживеала 1 месец во дивина откако избегала од напаѓачите

Јадењето на шумско овошје и печурки и го спасиле животот на Лиса Терис од Луисвил која била најдена жива откако лутала цел месец во дивината.

25-годишната девојка изгубила 23 килограми и кожата ѝ била покриена со гребаници и убоди од инсекти. Се изгубила далабоко во шумата во Мидленд Алабама без обувки, мобилен телефони без ташна.

Ја видел моторциклист кој се вратил назад откако видел дека нешто мрда во грмушките.

Пред да исчезне, Лиса, студентка на радиологија, била со двајца мажи кои сакале да опљачкаат ловечки дом, но таа им побегнала бидејќи не сакала да учествува во пљачката.

„Ова подрачје не ѝ е познато и се изгубила кога влегла подлабоко во шумата“, рече шерифот Рејмонд Роџерс и додаде дека не ја испрашувале многу бидејќи прво биле загрижени за нејзината здравствена состојба.

Коментари

Популарно