Сончево и топло време

Денеска е петок, 18 август 2017 година, 229-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 136 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути.

Денов трае 13 часа и 49 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 1 часот и 54 минути, а ќе зајде во 16 часот и 55 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. 

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 35 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време со дневни температури кои во најголем дел од земјава ќе се задржат во рамките на просекот за овој период од годината. Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот оваа облачност ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува облачно време со локален дожд и засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне.

Коментари

Популарно