ВРЕМЕТО НОСИ НОВИ ИЗНЕНАДУВАЊА - Еве што најави УХМР за од попладнево!

Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, оваа облачност ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.

Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови на некои места можни се поинтензивни врнежи. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени. 

Коментари

Популарно