Бојан Јовановски или попознат како Боки 13, викендов во познатиот скопски ресторан “Дион“ го прослави својот 31-ви роденден.
Меѓу гостите се појавија голем број на познати личности, меѓу кои и неговата најдобра пријателка Лила Филиповска, Тијана Дапчевиќ, сопственичката на новиот луксузен салон за Убавина Мис Ен, а најголемо внимание предизвика присуството на министерката Ременска.
Дел од атмосферата сподели и Лила Филиповска која на својот инстаграм профил објави видео со Боки и Тијана.