Скопје во пламен: Што би се случило ако главниот град го погоди хидрогенска бомба?

Деновиве Севера Кореја е актуелна по светските медиуми по тестирањето на првата хидрогенска бомба.  

Хидрогенската или термонуклеарна бомба е далеку посилна од атомската бомба, а може да биде доволно мала да се лансира со проектили на друг континент.

Но, што би се случило доколку хидрогенска бомба биде детонирана на Скопје?

Со помош на веб страницата www.nuclearsecrecy.com, можно е да видите како би изгледало кога Х-бомба би експлодирала во Скопје.

Огнена топка би спалила се до темел во радиус од 2.19 км. Смртоносниот појас на радијација би се раширил во круг од 2.9 км, а силината на детонацијата на бомбата од 200 килотони би ги срамнила сите згради со земја на оддалеченост од 3.45 км.

Ударниот бран би ја уништил инфраструктурата во круг од околу 7.27 км од местото на експлозијата додека врелиот бран радијација би проголтал се во круг од 19.4 км.

Коментари

Популарно