Згаснува уште еден бизнис на Самсоненко во Македонија?

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко го намалува капиталот во неговата авиокомпанија, која ја има во Македонија, пишува emagazin.mk.

Според објавата на Централниот регистар извршено е намалување на основната главнина на Друштво за авио превоз “СИС авиоатион“ ДООЕЛ Скопје на 8.221.487 евра.

Самсоненко авиокомпанијата во Македонија ја основаше пред две години со капитал од 5.000 евра.

Од почетоков на годинава тој на два пати ја зголеми основната главнина на “СИС авиоатион„ и тоа на почетокот на февруари на 11,1 милион евра, и на почетокот на април на 11,3 милиони евра.

Во јавноста се шпекулираше дека тој ја подготвува својата авиокомпанија за национален авиопревозник и да лета под боите на македонското знаме.

Последната објава на Централниот регистар најавува дека Самсоненко полека се повлекува и од овој бизнис во Македонија.

Коментари

Популарно