Скопје не е ни Париз, ни Њујорк - Што му е потребно за да функционира беспрекорно?

Што му е потребно на еден град како Скопје, за да функционира беспрекорно ? Метропола која има свои урбани, но и рурални делови, чии комунални проблеми не се мали, а не се решаваат ни прекуноќ.

Скопје не е ни Њујорк, ни Париз, по годишен буџет. Дури има помалку имот и средства од соседните балкански метрополи. Сето тоа, поради лошата приватизација во 90-те години од минатиот век, со која беше раскрчмен имотот кој требаше да биде негова сопственост и во служба на граѓаните. 

Токму поради тоа, на Скопје му треба менаџер, човек кој знае и со малку средства да води град со неофицијална бројка од милион жители кои живеат или циркулираат неделно во главниот град.

Скопје е машина. Ако некој не знае како да работи со неа, со сиот човечки потенцијал и одговорности, неизбежна е хаварија.

Ова наше Скопје е солидарен, мултиетнички и мултиконфесионален град, кој, исто како и пред стотина години. Годишно, прима, илјадници и илјадници нови сограѓани и не може брзо и ефикасно да излезе во пресрет на градежната експанзија и потребите, наметнати од доселувањето. 

Скопје има десет општини плус Градот Скопје, но сите граѓани најмногу очекуваат од скопскиот градоначалник и тој секогаш ја носи на свој грб, сета жестока критика, за она што другите не го сработиле-одговорностите и надлежностите од кои десетте други градоначалници бегаат. 

До пред 10 години градот беше затрупан со ѓубре, иако сметките се исти, јавни претпријатија кои беа нефункционални, со незадоволни вработени, кои, не примаа редовни плати и одбиваа да работат. По улиците чадеа тридецениски стари автобуси и  граѓаните возеа по тесни и руинирани улици, со искршени тротоари, по улици без велосипедски и пешачки патеки, на кои се гледаа редици автомобили, заглавени со часови во метеж. 

Сега, Скопје, е град со нови автобуси, ќе се набават и електрични, а тесните и нефункционални сообраќајници се минато. Претпријатијата се консолидирани, платите се редовни, благодарение на доброто менаџирање. 

Немаше ниту еден новоизграден парк, а сега има дури 4, по површина колку три Градски паркови. Булеварското зеленило, сега, наспроти минатото, беспрекорно се одржува со ново зеленило и цветни аранжмани, а исто и Градскиот парк и Паркот на Жена Борец, кои, редовно се обновуваат со нова опрема, се санираат патеките, плочките и зеленилото. Скопје има дури три нови плоштади - Македонија, Филип Втори и оној кај црквата "Пресвета Богородица". 

Во Градскиот парк се вратени сите бисти на народните херои од НОБ, откако сите претходни градоначалници одбија, со изговор дека не се надлежни. 

До пред десетина години, имаше и руинирани средни училишта со истрошена опрема и инфраструктура, стари контејнери и амортизирани камиони за собирање смет, кои, постојано се расипуваа, ниеден кружен тек за побезбеден сообраќај, ниеден парк, во градска надлежност, со обновено зеленило кое потоа се одржува и негува, преку целата година. 

Коментари

Популарно