(ВИДЕО) 36 часа пред самоубиството: Објавена последната снимка од пејачот на "Linkin Park"

Сопругата на Честер Бенингтон на Твитер поставила кратко видео кое настанало 36 часа пред самоубиството на познатиот рокер.

Талинда Бенингтон, сопругата на Честер Бенингтон, пејач на бендот "Linkin Park", кој извршил самоубиство на 20. јули, на својот профил на Твитер ја објавила последната снимка од Честер, која настанала 36 часа пред трагедијата. 

"Мојот нареден твит ќе биде најличниот што некогаш сум го објавила. Сакам да ви покажам дека депресијата нема лице или облик", напишала Талинда. 

Таа потоа објавила видео на кое Честер бил снимен додека се шегува и си игра со членовите на своето семејство.

Коментари

Популарно