Девојката на Аца Лукас има бурно минато - пред Аца била во врска со него

По раскинувањето со Соња Вуксановиќ, Аца Лукас никако да се смири, па пред неколку дена на сплавот „Ривер“ беше со извесната Барбара Петровиќ.

Како што и претходно пишуваа медиумите, Барбара по занимање е актерка, а играше во сериите „Нашата мала клиника“ и „Будва на пена од морето“.

Едно појавување со Лукас беше сосема доволно да почнат да  течат информации за нејзиниот приватен живот, а една од нив е дека Барбара била девојка на водачот на кланот „Кавачки“, Владимир Рогановиќ.

„Барбара и Владо многу се сакаа и малку недостасуваше нивната врска да стигне до олтар. Сепак, имаа поинаков поглед на животот, поради што често се расправаа и одлучија да раскинат во 2016 година. Една година подоцна тој заврши во затвор“, изјави изворот и додаде дека романсата со Лукас била неочекувана.

Оваа информација ја потврдува и самата актерка.

„Тоа е точно, но навистина не гледам причина да се пишува за тоа. Мојот приватен живот е моја работа, никогаш не сум го коментирала, па нема ни сега, како што нема да ја коментирам ни врската со Лукас“, вели Барбара.

Кои се браќата Рогановиќ?

Да потсетиме, 32-годишниот Душко Н. Рогановиќ во подметната експлозија на 25 април годинава остана без двете нозе, по што српската полиција го уапси и неговиот братучед 31-годишниот Владимир М. Рогановиќ, заедно со неговите пријатели Игор Бошњак и Лук Медиќ, поради сомнение дека фалсификувале документи.

Браќата Рогановиќ беа карактеризирани како лидери на кланот „Ковачки“, а вниманието на јавноста го привлекоа во 2009 година, по убиството на лидерот на „Делиите“, Марко П. Весниќ. И двајцата заедно со Дражен Чаџеновиќ, кој им беше соучесник, беа во бегство, но потоа се предадоа. Поради ова убиство, Душко Рогановиќ е осуден на 12 години затвор, а по одлуката на Апелациониот суд, затворската казна му е намалена на осум години.

Коментари

Популарно