Грешката на Каталонија во полза на Македонија

Пет браќа работеле на имотот на својот татко. Работата одела добро и се живеело сложно. Секако имало и проблеми, но успевале да ги решат заедно. Еден ден браќата се испокарале и решиле да се одвојат и секој посебно да си работи дел од имотот. Кога му кажале на таткото, тој на секој од нив му дал по еден стап и му рекол да го скрши. Сите 5 сина успеала во задачата, но тогаш таткото им дал нова задача. Побарал од нив да скршат 5 стапа наеднаш, врзани еден до друг со јаже. Ниту еден од синовите не успеал. Наравоучението од оваа стара поучна приказна која сите ја знаеме, е дека ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ.

Помина многу време кога последен пат сум ја чул приказнава. Се се смени. Децата веќе на работат на нива со татковците. Светот отиде напред. Технолошкиот бум ни донесе паметни телефони, сателити, интернетот не поврза сите на планетава. Луѓе планираат посета, па дури и живот на Марс... но, приказната за таткото и синовите ми остана во глава. Си ја споменував и при распадот на СФРЈ, иако бев дете, а еве и деновиве кога Шпанија тргна по истиот пат. Каталонија е шпанската Словенија, а Каталонците единствените кои не сфаќаат дека тргаат во пропаст. Чудно. За народ, покраина, автоновмија која е економски најразвиена во Шапнија, Каталонците покажуваат сериозно непознавање на реалноста и блиската европска историја. СФРЈ е само еден пример, но и без него, па дури и без приказната за таткото и 5те сина, Каталонците мора да знаат дека влегуваат во глупост кој скапо ќе ја платат.

Секој кој некогаш играл било каква стратешка игра, или барем монопол, ризик... знае дека окрупнувањето (наоѓањето сојузници) носи победа. Цепкањето на своите редови, раситнувањето, секогаш на крајот резултира со пораз. „Раздели па владеј“ е воена тактика која се препишува на Цезар и Наполеон, иако има историчари кои оваа максима за прв пат ја забележуваат кај Филип Втори Македонски. Без разлика кој прв ја применил, факт е дека тактиката е многу успешна и стара. И додека Цезар, Филип и Наполеон, барале начин (најчесто успешно) да ги раситнат редовите на противникот, Каталонија навидум сама го прави тоа. За да биде целата ситуација уште попарадоксална, Каталонците на поделба по етнички принцип се решија заради економски несогласувања!

Во секоја фирма, фабрика, претпријатие, институција... има вработени кои работат повеќе или помалку од другите. Дури и во најмалите фирми, некој од вработените се чувствува искористен и смета дека тој ја заработува платата и на своите колеги. Дали е тоа навистина така, и што ако е, решава менаџментот на самата фирма. Колку добро ќе се изменаџира ситуацијата, толку успешна ќе биде и фирмата. Ако се остави на ситуацијата сама по себе да се „реши“, ќе се случи СФРЈ. Кога на ова ќе се додаде дека некој однадвор ја знае максимата „Раздели па владеј“, менаџментот мора сериозно да си ја сфати задачата. Шпанија тоа не го направи. Ниту ЕУ не очекуваше ваква ескалација на ситуацијата. Само уште еден доказ дека Унијата е вештачки створен неефикасен хибрид. Административен инертен џин, на кој за акција му се потребни месеци подготовка. Бирократија која нема апсолутно никакви информации за реалната ситуација на терен, па дури и кога станува збор за Шпанија.

Тоа што ЕУ има двојни стандарди за овој случај, од слични вакви во минатото, кога распарчувањето ги погодувало државите надвор од Унијата за мене е многу логично. „Раздели и владеј“ е главното оружје на Глобализацијата. Да, знам дека звучи како парадокс. Оној кој повикува на здружување, на глобален свет во кој сите сме исти, најпрво мора да не раздели, да не направи како него, па да не прими во друштвото на „истите“.

Читам деновиве дека Шпанија не го признала Косово, со што останала принципиелна. Но, да не заборавиме, шпански авиони учествуваа во бомбардирањето на Србија. Тоа што на крајот не е ставен потпис, е очаен обид да се залаже светот во праведноста на Шпанската држава. Реалноста е дека Шпанците и покрај своите проблеми дома со Каталонија и Баскија, решија да му помогнат на Косово да се одвои од Србија, сметајќи дека ова ним никогаш нема да им се случи. Мислеа дека се посебни и налетаа на уште попосебните Каталонци. Сега враќање назад нема. Каталонија денеска, за еден месец, за десет години.... ќе се одвои од Шпанија. Преговорите кои ги најави ЕУ меѓу Каталонија и владата во Мадрид, само ќе го успорат процесот, но нема да го сопрат. Сликите од бруталната Шпанска полиција на улиците во Каталонија никој никогаш нема да ги заборави. Тие слики се потписот на независноста на Каталонците. Преговорите се задоцнети! Всушност истите и немаат за цел да ја подобрат ситуацијата меѓу Каталонија и Шпанија, туку да спречат понатамошно цепкања на Шпанија, но и други држави чланки на ЕУ. Германија, Белгија, Франција... се реално исплашени од судбина слична на СФРЈ, а Европа од целосно распаѓање на Унијата.

И Британија го дели истиот страв, а кога силните се плашат, што да речеме ние на Балканот? Расцепкувањето е измислено кај нас, но никако да заврши. Секогаш има некој незадоволен, кој решението го гледа во нова поделба. Државите ова го менаџираат со невидена ефикасност, па освен Милошевиќ (а сите знаеме како заврши тој), никој друг не се ни обиде да даде отпор. Еве и денеска во Македонија на избори главните ветувања се од етнички карактер. Имаме Албанска платформа/декларација, потпишана во соседна држава! Секако, на Шпанија ова не е и пречеше. Не и пречеше ниту на ЕУ. Не им пречеше кога се прекрши македонскиот устав во Пржино, ниту кога незаконски се избра претседател во собранието! Ја подржаа новата „реформска“ влада. Но, сето ова сега може да се промени. Кога ЕУ на свој грб ја осети „Раздели па владеј“, тешко дека ќе подржи нови цепкања било каде во Европа. Каталонците, иако реално испровоцирани од Мадрид, погрешија во својата одлука и тоа ќе го осетат на своја кожа во иднина, но можеби ни направија услуга нам. Сега кога ЕУ ќе направи се да за не се распадне, ќе вложи максимални напори за неменување на границите во Европа, можеби нема да си дозволи повеќе гафови како Косово. Дури и да не не штити, сигурно нема да не „нападне“ и да подржи поделба. 

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно