(ВИДЕО) Видео од апсењето на сопственикот на бензиската „Макоил“ кој беше приведен утрово

Сопственикот на ланецот бензиски станици „Макоил“, Мите Јовановски, утринава беше приведен од страна на полицијата затоа што се спротивстави на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче. Со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.

Мите Јовановски, сопственик на бензинските „Макоил“ е приведен утринава од страна на полицијата затоа што се спротивстави на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче.

Според информации од полицијата, со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.

Полицијата асистирала на барање на Град Скопје за отстранување на рекламата пред бензинската.Тој планирал да ја дислоцира рекламата, но од градот инсистирале тоа да биде денес.

Коментари

Популарно