(ВИДЕО) Видео од апсењето на сопственикот на бензиската „Макоил“ кој беше приведен утрово

Сопственикот на ланецот бензиски станици „Макоил“, Мите Јовановски, утринава беше приведен од страна на полицијата затоа што се спротивстави на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче. Со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.

Мите Јовановски, сопственик на бензинските „Макоил“ е приведен утринава од страна на полицијата затоа што се спротивстави на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче.

Според информации од полицијата, со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.

Полицијата асистирала на барање на Град Скопје за отстранување на рекламата пред бензинската.Тој планирал да ја дислоцира рекламата, но од градот инсистирале тоа да биде денес.

Откриен полицаецот што го фотографирал Чаавков во затворот Шутка

Полицаецот од Посебната единица за поддршка го сликал Митко Чавков во дворот на истражниот затвор Шуто Оризари.

Внатрешна контрола на МВР го открила полицаецот од Посебната единица за поддршка кој го сликал Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи во дворот на истражниот затвор Шуто Оризари,велат  извори во полицијата.

Судот му одреди 30 дневен притвор на Митко Чавков поради настаните во Собранието на 27 април годинава.

ВИДЕО: Во ЖИВО пред влада од протестот за загадениот воздух - колку луѓе се појавија?

По неколку дена многу висока загаденост на воздухот низ Македоија, посебно во скопје, на протестот пед влада се појавија многу малку луѓе.

Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституции, меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн…

Талат Џафери: Нова Македонија е прифатливо име и Собранието може да го изгласа

Промена на името може да се направи во Собранието, доколку за тоа изрази желба парламентарното мнозинство, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во вчерашната емисија "Патот кон..." на Алсат – М телевизија.

Тој мисли дека поради континураната висока поддршка на граѓаните за евроинтегративните процеси, граѓаните му дале целосен легитимитет на Собранието, да во нивно име одлучи по однос на прашањето за промена на името.

-Мислам дека Собранието го има потребниот капацитет ако има политичка волја кај субјектите кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, поради фактот што тоа е стратешка определба изразена како волја на граѓаните уште од деведесеттите години, 93-94 кога е усвоена првата резолуција на Парламентот во насока на определбата на државните институции за евроатланска интеграција и имајќиго предвид фактот дека поддршката на граѓаните континуирано е над 75%-80% за вроинтегративните процеси, мислам дека тоа е мотив можност Парламентот во името на граѓаните како носител на сувереноста на граѓаните, изразено на избори, со перцепцијата која ја имаат граѓаните, мислам дека дале целосен легитиитет на Собранието во има на граѓаните да одлучи и за ова прашање, вели Џафери.

Популарно