(ВИДЕО) Гасете интернет, имаме победник: Докторот сакал да предупреди на опасноста од играчките, а неговото видео станало вирално од друга причина

Детето дошло во ординацијата, бидејќи проголтало дел од играчка. Докторот решил да го сними и да го објави на Фејсбук...

Аргентинскиот доктор Сантијаго Гомез Зувирија, објавил видео од дете кое дошло во неговата ординација, бидејќи проголтало играчка. Тој совесен лекар со снимката само сакал да ги предупреди родителите на потенцијалната опасност од некои играчки, веројатно не очекувајќи дека ќе стане вирална од сосема друга причина - бидејќи е премногу смешна! 

Детето на снимката, неименуван 8-годишник од аргентинскиот град Сан Мигел де Тукуман, проголтал мала труба, од оние кои се користат на родендени. Проблемот, покрај фактот што во себе имало предмет, е и звукот кој го произведувало поради тоа. Имено, детето, пред да биде извадена трубата, трубело при секое вдишување. 

Целата работа на крајот се завршила добро и играчката била отстранета.

Погледнете ја снимката која досега е прегледана повеќе од 9 милиони пати:

Коментари

Популарно