Познат физичар за животот по смртта

Шон Карол, космолог и професор по физика на универзитетот во Калифорнија тврди дека животот по смртта, идејата која ја промовираат бројните светски религии, е физички невозможна.

“Ние потполно ги разбираме законите на физиката кои стојат во позадина на секојдневниот живот”, вели Карол, додавајќи дека сето она што се случува во реалноста мора да биде во рамките на возможното. 

За да постои живот по смртта, свеста би морала да биде одвоена од нашето физичко тело, а тоа не е случајот – тврди физичарот.

Свеста е, на елементарно ниво, низа од атоми и електрони кои го создаваат она што ние го нарекуваме ум. Законот на физиката не дозволува тие честички да функционираат на тој начин по човечката смрт, тврди Карол.

“Идејата дека некој вид на свет постои бидејќи нашите тела се распаѓаат на атоми има еден голем, непремостлив проблем. Имено, ние потполно ги разбираме законите на физиката кои го одредуваат нашиот секојдневен живот и не постои ниту еден начин тие закони да дозволат “преживување” на информациите кои се чуваат во човековиот мозок по смртта”, пишува физичарот за “Scientific American”.

“Не постои причина да бидеме агностици околу идејата која е драматично некомпатибилна со сето она што го знаеме за модерната наука. Еднаш кога ќе се соочиме со реалноста по ова прашање, можеме да се позанимаваме со многу поинтересни прашања, како оние за начинот на кој човечката свест навистина функционира”, заклучува Карол.

Коментари

Популарно