Денеска топло, но доаѓа студен бран

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Т-мин. од 3 до 10, а т-макс. од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност претпладне. Т-ра: 8 / 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури.

Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник кога ќе дува и засилен северен ветер.

Коментари

Популарно