Меторолозите предупредуваат: Ваква зима не сме имале оддамна

Како што е наведено во прогнозата на „AccuWeather“, зимата остро ќе започне  на северна и западна Европа, со чести бури кои ќе донесат ветер и дожд. Додека на Балканот главна карактеристика за оваа зима ќе биде – сушата.

-Тоа не значи дека во овие подрачја нема да има дожд за време на зимските денови, но нема да биде доволно, што додатно ќе ја влоши сушата која е во тек – изјавил метеорологот Алан Реперт.

Во многу од тие подрачја сушата ќе биде уште полоша на крајот од зимата, што може да донесе сериозни последици врз земјоделството следната година, а и да го зголеми ризикот од пожари летото и есента, ако дождовите на пролет повторно бидат под нивото.

Коментари

Популарно