Магливо утро и облачен ден

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремен слаб дожд претежно на запад и претпладне и повеќе претпладне. Наутро понекаде во котлините ќе се задржи магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер поизразен вдолж Повардарието. Попладне на североисток ќе има повеќе сончеви периоди. Температурата од 12 до 18 степени.

Во Скопје Променливо облачно со магла претпладне и со сончеви периоди попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе продолжи  периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Денес и утре врнежи ќе има во планинските региони и ќе се со локален карактер, а кон југ можна е и појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој во недела краткотрајно ќе засилува, а во понеделник ветерот особено вдолж Повардарието ќе е засилен. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, и ќе се проследени со опаѓање на температурата па на планините врнежите може да поминуваат во снег. На крајот од работната недела времето ќе е постудено.

Коментари

Популарно