Едноставно: Со домашен тест откријте дали имате кандида

Ако страдате од хроничен замор, ниско либидо, чести и нагли промени во расположението, слаба концентрација или имате ослабен имунолошки систем, можеби постои голема веројатност дека нивото на кандида во вашиот организам е зголемено.

Кандидата ја предизвикува габичката кандида албиканс (candida albicans), која се наоѓа во секое тело, во дигестивниот тракт, устата, вагината и тн. Како и повеќето други микроорганизми, така и оваа габичка бара свое “засолниште” во нашите црева, а под контрола ја држат т.н. добри бактерии. Проблемот настанува кога бројот на габички во дигестивниот тракт ќе се зголеми, на пример кога имунитетот е ослабен. Од голема помош кај држењето на бројот на габички под контрола може да биде и исхраната. Со оглед на тоа дека кандидата се храни со шеќери, би било најдобро да избегнувате слатки и шеќер и тоа во секаков облик.

Вашите оброци би требало да се состојат од 60 отсто свеж зеленчук, 20 отсто протеини (јајца, пилешко месо, риба, соја и мешунки), 10 отсто сложени јаглехидрати (овес, пченица од цело зрно, грав и ориз) и 10 отсто свежо овошје. Но би било пожелно да избегнувате некои овошја поради големото количество на шеќери што ги содржат.

За меѓуоброците би требало одберете пробиотички јогурти, кои ќе се погрижат за “населување” на добрите бактерии во вашите црева.

Исхраната против кандида вклучува и избегнување на сите продукти што содржат пивски квасец, а тоа би значело дека треба да се откажете од омилената комбинација на пица и пиво, но и од белиот леб и печивата како и алкохолните пијалаци генерално, бидејќи овие продукти го олеснуваат размножувањето на габичките и го зголемуваат враќањето на инфекцијата. Истото се однесува и на лактозата, па би требало да избегнувате млеко и млечни производи.

Ви пренесувме едноставно, бесплатно и верно тестирање со чија помош може да утврдите дали имате зголемено ниво на кандида во вашиот организам. Дознајте како да ги препознаете симптомите кои укажуваат на нејзина зголемена концентрација.

Тест за кандида:

1. Пред да си легнете наполнете чаша со чиста вода и оставете ја покрај креветот.

2. Следното утро, веднаш откако ќе се рабудите плукнете плунка во водата.

3. Не пробувајте да соберете поголемо количество на плунка, туку плукнете толку колку што имате во усната шуплина после будењето.

4. Оставете ја чашата 15 минути.

5. Ако вашата плунка останала на површината на водата или се растопила, тогаш нивото на кандида во вашиот организам е на нормално ниво. Нормално е ако во водата се присутни и меури од воздух.

6. Ако вашата плунка станала матна или во водата се гледаат траги во вид на ленти кои се спуштаат кон долу, или ако плунката се собрала во долниот дел на чашата, постои голема веројасност да имате зголемено ниво на кандида во вашиот организам.

7. Во ваков случај, ви предлагаме да побарате стручен совет од вашиот доктор или да пробате да го решите проблемот со кандида на природен начин.

Симптоми

Симптомите кои укажуваат на прекумерен раст на кандида во организмот се: хронични габични инфекции со симптоми на зголемено чешање, пецкање или зголемен исцедок, проблеми со варењето, надуеност и гасови, грчеви, дијареа, констипација и подригнување, алергии, кивање, затнат нос, хроничен замор, симптоми на нервниот систем како што се анксиозност, депресија, иритабилност, слаба меморија и слаба концентрација и проблеми со менструалниот циклус како и проблеми со кожата. Растот на кандида се зголемува при лечење со антибиотици, при ослабен имунолошки систем, употреба на контрацептивни или хормонски терапии и храна богата со рафинирани шеќери.

Коментари

Популарно