И денеска магла и дожд, од утре доаѓа снег

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне по одделни котлини со магла и ниска облачност. Попладне променливо облачно со  повремени врнежи од дожд кои ќе се со локален карактер. Во  југоисточните делови ќе има услови да бидат поројни  и со појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места  ќе биде засилен,  особено вдолж Повардарието и источните делови. Максималната температура ќе достигне во интервал од 11 до 18 степени.

Скопје; Претпладне со магла и ниска облачност, попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Највисока дневна температура до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе продолжи  периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, и ќе се проследени со северен ветер и опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Коментари

Популарно