(ФОТО) Дождот ги „потопи“ театрите и музеите жртвувани поради „Скопје 2014“ ГАЛЕРИЈА

При дождови кои се вообичаени за ова време на годината, нашите културни установи се соочуваат со сериозни последици од долгогодишна негрижа за условите во нив. Цел на Владата и Министерството за култура е таа негрижа да се стопира веднаш и да се преземат итни мерки, соопштија од минитерството по увидот кој денеска во културни институции го направија министерот Роберт Алаѓозовски и заменикот министер Владимир Лазовски.

Во Драмскиот Театар, во соработка со директорот Сашо Тасевски уште денескаќе се преземат мерки за санација на оваа загрижувачка состојба и за локално санирање на кровот, а во координација со министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе се спроведе ургентна постапка и ќе се алоцираат средства кровот да се санира и да се создадат елементарни услови за работата на Драмскиот театар до тече без никакви пречки. 

Владата на Република Македонија и Министерството за култура информираат дека воопшто не се откажуваат од идејата за изградба на нов објект за овој театар, но ќе инсистираат на подомаќинско и порационално решение, кое нема беспоштедно и непродуктивно да ги троши парите на граѓаните.

„Драмскиот театар е типична жртва на тнр проект „Скопје 2014“, преку кој се инвестираше во прескапи и мегаломански објекти и споменици, додека постојните објекти на културните установи се во очајна состојба. 

Во Музејот на Македонија е исто така констатирана загрижувачка состојба, а Музејот на современата уметност - Скопје се соочува со протекување во објектот на повеќе локации, од кои голем дел се ургентни бидејќи веќе имаат предизвикано штета и бараат итна интервенција. Најургентните состојби ќе се санираат веднаш, но и за овој репрезентативен објект се потребни посериозни реконструктивни зафати“, велат од Министерството.

Протекување на кровот и оштетувања од дождот се предизвикани и воТеатар комедија во Скопје, Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица, Центар за култура – Дебар, Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, НУ Конзерваторски центар во Гостивар, Музеј „Западна Македонија во НОВ“ – Кичево, археолошкиот локалитет Стоби каде постои опасност од изливање на Црна Река, како и други објекти од кои по итниот допис на Министерството добиваме постојани известувања. Министерството за култура ја следи интензивно состојбата и е подготвено, во соработка со раководствата, да интервенира веднаш во сите итни ситуации, се наведува во соопштението.

Коментари

Популарно