ФОТО+ВИДЕО: Мажена професорка ги принудувала средношколците на секс за да не им стави единици

Секс скандал се случи во едно училиште во колумбискиот град Меделин, каде што 40-годишна мажена професорка Јокаста М. ги принудувала учениците на интимност, а им се заканувала со слаби оценки. Жената канела ученици на возраст од 16 – 17 години во нејзиниот дом и ги уценувала дека ако одбијат да спијат со неа, ќе им стави единица која нема да може да ја поправат.

Како што ѝ се очекуваше, настанот не го пријавиле тинејџерите, туку родителите на еден од нив, кога во телефонот на нивниот син нашле разголени фотографии од професорката.

Професорката сега е уапсена и сега се соочува со затвор до 40 години. Нејзиниот маж веднаш откако изби скандалот поднесе барање за развод, а еден од нејзините ученици ги објави овие интимни фотографии и видеа кои таа му ги испраќала.

Коментари

Популарно