ВИДЕО: Се вратил од 2021 година за да ни ја претскаже иднината

Момче по име Ноа тврди дека доаѓа од 2021 година, но кога би ги открил сите детали би можел да си го загрози животот.

Ноа откри неколку работи кои наводно нѝ очекуваат во иднината. Вели дека Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател во 2020 година и дека вештачката интелегенција ќе биде во полн замав.

-Немам намера некого да лажам. Моја единствена цел е да докажам дека патувањето низ времето постои, зошто јас сум временски патник -изјавил тој пред , а лицето му било замаглено за да не го препознае никој.

Тој тврди дека е стар 50 години, но зел лек за подмладување поради што изгледа како да има 25 години. 

-Всушност живеам во 2021 година. Тоа е време во кое поминувам најголем дел од животот и на кое припаѓам-изјавил Ноа.

Временскиот патник открива и како електричниот автомобил ќе вози и со брзина од 965 км на час па советува на сите парите да ги вложуваат во одржливи извори на енергија.

Коментари

Популарно