ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно и студено, претпладне со повремен локален дожд со послаб интензитет, а на планините и некои повисоки места со слаб снег. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на дневната температурата и ќе се движи во интервалот од 2 до 9 степени.
Скопје Променливо облачно и студено време, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.