Жерновски сведочеше на судењето за „Шамарите во Центар“

Екс градоначалникот на Центар Андреј Жерновски сведочеше на судењето за „Шамарите во Центар“. Раскажа за насилството на протестите за време на двете сендици во јуни 2013 та кога на дневен ред било поништување на детални урбанистички планови, но не и уривање на веке почнати градби како што е црквата Св Констатнин и Елена која беше искористена како повод за протестите.

Жерновски рече дека постоела комуникација меѓу советници и демонстранти. Пратеничката Даниела Рангелова ме повика да излезам и да се соочам со насобраните граѓани, рече Жерновски. Говореше и за нереагирањето на полицијата и покрај тоа што состојбата била критична. Денешното рочиште се снимаше со две камери.

На реакциите на одбраната дека не треба да се овди записник и дека претходно не се снимало, судијката образложи дека иако закнот за крвична постапка се применува од пред 4 години нема технички услови во криивчниот суд видео и тонски да се снимаат сите судења и до сега тоа не претставувало правна пречка.Груевски во изјава за медиумите вели дека судењето било политички прогон.

Коментари

Популарно