Кривична пријава за Љупче Златев поради поттикнување труење на животни

Асоцијацијата на активисти за права на животните денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Љупчо Златев поради поттикнување труење на животни.

-Новинарот кој во два наврати (на Фејсбук и на емисијата на ТВ Нова) поттикнуваше труење со животни, давајќи директни насоки со кој отров луѓето треба да ги трујат уличните кучиња. ААПЖ бара да се покрене кривична постапка против пријавениот за едно кривично дело “Предизвикување на општа опасност” и едно кривично дело “Мачење животни” , велат од Асоцијацијата.

Коментари

Популарно