ФОТО: Сексапилната македонска фолкерка во прегратките на Шабан Шаулиќ

Во неделата навечер, на 14 јануари 2018 свадба правеше познатиот српски фолк композитор и текстописец Стева Симеуновиќ, кој има напишано безброј големи хитови за најпознатите српски фолк ѕвезди како што се: “За нас касно је”, “Бела циганка”, “Окови”, “Сама и нервозна”, “Краљица тротоара”, “Нема ништа мајко, од твога весеља”…

Меѓу сите гости во таа мегапопуларна пејачка екипа и една Македонка. Згодна, убава, секси, со раскошни атрибути нашата македонска фолк ѕвезда веднаш блесна меѓу сите нивни… Онака згодна и дотерана, Сања Цинцева – Барбика веднаш го заинтригира посилниот пол присутен на свадбата, особено оние од српската естрада.

Стариот волк Шабан Шаулиќ е познат „љубовџија“, па познанствотот и друштвото со нашата Барби изгледа добро му дојде да ги „освежи сеќавањата“ на Цуца… А и Сања знае како треба, па не се противеше да заврши во неговите прегратки… се рабира, за едно селфи за спомен и објава на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно