Секс во тројка: Кои се идеалните луѓе?

Резултатите од истражувањата покажуваат дека студентите се отворени за идејата да имаат секс во тројка, но нивниот личен интерес е ограничен од стравот дека ќе се соочат со стигма или етикетирање за сексуална активност со лице од истиот пол, во случај на мажите, или дека сакаат експериментирање, кога станува збор за жените.

Во истражувањето биле вклучени 300 хетеросексуални студенти во Канада кои одговарале на прашањата дали имале секс во тројка и дали ги интересира тоа.

„Имаме сѐ поголем пристап до порнографиија од кога било и гледаме повеќе секс, што го зголемува интересот. Претпоставувам дека истото важи и за секс во тројка или со повеќе луѓе“, вели докторката Лара Томпсон која го спроведе истражувањето.

Таа додава дека не ја изненадило што машките студенти биле повеќе заинтересирани за секс во тројка. Мажите значително повеќе уживале во секс со две партнерки отколку во секс со партнер и партнерка.

„Тоа покажува како нашето општество гледа на истополовото сексуално однесување. Медиумите и општеството даваат знаци дека е кул и секси кога две жени се заедно, но не и кога станува збор за двајца мажи. На второто често не се гледа со одобрување’, вели Томпсон.

Интересно е што и студентите и студентките рекле дека повеќе би сакале да имаат секс во тројка со луѓе кои ги познаваат. Ова мислење било поизразено кај студентките, што не било изненадување за Томпсон бидејќи жените повеќе се соочуваат со опасност од сексуален напад и или присила на секс.

Една од причините зошто луѓето бираат да имаат секс во тројка со блиски луѓе е фактот дека уште постои страв од осуда од околината.

„Малку луѓе реално имаат секс во тројка. Но, од друга страна, забележан е раст на слични начини на сексуално однесување, како орален или анален секс. Тоа најверојатно е последица на начинот на кој се социјализираме“, објаснува Томпсон.

Коментари

Популарно