(ВИДЕО+ФОТО) Лелек и солзи…: Збогум, златен гласу – стотици емоционално се простија од пејачката О’Риордан

Стотици луѓе се собраа во селото Балибрикон, Ирска, за последен пат да ја испратат пејачката The Cranberries Долорес О’Риордън, пренесе телевизискиот канал RTE. Церемонијата во црквата, во која Долорес некогаш пеела, беше отслужена од архиепископот Кирон О’Рејли и свештеникот Лиам Мекнамара, кој е близок пријател на ожалостеното семејство. Токму тој во 1994 година ја венча О’Риордан за поранешниот сопруг Дон Бартон. На погребот присуствуваа мајката на пејачката Ајлин, браќата и сестрите и нејзините деца.

На испраќањето на пејачката, беа колеги, претседателот на Ирска, Мајкл Хигинс и многу други познати личности. Нејзиниот поранешен сопруг исто така присуствуваше на церемонијата.

Според RTE, Долорес ќе биде погребана до нејзиниот татко, Теренс.

“Загубата не може да се опише со зборови. Нејзиниот добар и убав глас освои безброј обожаватели. Тешко е да се бројат луѓето што ги спаси од темнината од депресијата “, рече Лиам Макнамара.

 

Коментари

Популарно