(ВИДЕО) Скијачи го запалија Маврово

Група скијачи решија да уживаат во ноќно скијање на падините на Бистра во Маврово, но со малку поинаков декор и во навивачка атмосфера.

Со факели во рака се спуштаа по скијачката патека и го „запалија“ Маврово со прекрасна кореографија. Вакво нешто е вообичаено за навивачите на фудбалските стадиони, но мора да се признае дека и Маврово изгледа прилично добро во вакви моменти.

Коментари

Популарно