БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ: СЕ ПРИБЛИЖУВА СНЕЖНИОТ БРАН КОЈ ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СНЕГ!

Почнувајќи од оваа ноќ територијата на нашата држава ќе започне да ја зафаќа многу студената воздушна маса која е резултата од поларниот вртлог кој буквално ја зафаќа цела Европа и Балкан.

Врнежите се повеќе ќе поминуваат во снег но сеуште ќе бидат послаби и локални оваа ноќ. Меѓутоа интензивирање на врнежите ќе има од утрешниот неделен ден а особено од утрешната ноќ каде насекаде ќе има формирање на снежната покривка.

Поинтензивни врннежи од снег ќе има и во понеделник што ќе условат понатамно зголемување на снежната покривка.

На пониските места ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 цм а понекаде дури и преку 30 цм додека на планините истата ќе се зголеми дури за повеќе од 50 цм.

Температурите на воздухот МНОГУ ќе опаднат и во најголем дел од државава и преку ден ќе останат до околу нулата па и под нулата што значи истите ќе бидат ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека снежниот циклон ние многу блиску ви препорачуваме да избегнувате патување на далечен пат додека ако поминувате покрај планинските превои бидете КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ и возете со намалена брзина.

Исто така тие што ќе се наоѓаат на скијачките центри или на други планини ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не излегуваат на прошетка низ планини и да не се оддалечуваат од својата викендичка.

Ќе дува северен ветер кој повремено особено на исток и Долж Повардарието ќе се засилува и истиот ќе условува појава на снежни наноси.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Коментари

Популарно