Оставиле 5 годишно детенце само дома - сега плачат, но никој не може да им помогне

Детенце на возраст од 5 годинки  било само дома, забавувајќи се себе си, за родителите подготвило сцена за плачење.

Кинеската двојка беше затечена од сцената што ја нашле во својата куќа. На детето ништо не му се случило, но она што направил ги остави во чудо.

Имено, детето ги пронашол скриените пари на своите родители и во желба да се забави себеси, ја искинал секоја банкнота. Од 50.000 јуани, заем од банката, направил обичен рид од хартија.

Таткото го пријавил случајот во банката, барајќи парите да му се заменат, што не било можно. Сепак, од банката му кажале дека ќе му излезат во пресрет ако ги залепи банкнотите.

Несреќниот татко се обидувал да ги состави парчињата, но по два дена спојување се откажал, бидејќи деловите биле премногу мали за да се знае каде им е местото.

Коментари

Популарно