Бизарни детали од тестаментот на Ким Кардашијан

Познатата старлета открива бизарни детали од нејзиниот тестамент.

Ким Кардашијан во интервјуто за „Вог“ раскажува дека на една страна од нејзиниот тестамент точно пишува како сака да изгледа, дури и ако не може претходно да се грижи сама за себе.

-Во еден дел од тестаментот пишува дека, доколку бидам смртно болна или неподвижна, мора да изгледам дитерано. Дури и ако не можам да зборувам, или сум во пелени, косата, ноктите и шминката мора секогаш да бидат на свое место. Сакам да изгледам најдобро што можам до самиот крај, открива Кардашијан.

Таа неодамна кажа дека секој ден и започнува со едночасовен тренинг, а потоа со „сеанса“ со фризерот и шминкерот која исто така трае еден час.

На секои десет дена посетува маникир и педикир, а чест гостин е во ординација која нуди разни третмани со ласер, како и тоа дека оди на потемнување на кожата со помош на спреј во боја.

Американските медиуми неодамна пресметаа дека третманите на кои ги користи Ким месечно една просечна жена ќе ја чинат 50.000 долари. Старлетата сепак дел од третманите ги добива бесплатно бидејќи ги рекламира на социјалните мрежи брендовите и салоните кои ги посетува.

Коментари

Популарно