(ФОТО) Социјалните медиуми полудеа: Боки 13 во „пижами“ си ја зема наградата за модна икона!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на вчерашната манифестација „Story Awards“ во хотелот Александар палас, доби две награди, за личност на годината и награда за модна икона.

Боки се појави во интересен стајлинг, авангарден и типичен за него, комбинација од свилени панталони со кошула, но според корисниците на социјалните мрежи, оваа комбинација па и дезенот потсетувале на машки дводелни пижами. Боки на сите случувања се појавува дотеран од глава до пети и тоа секогаш во парчиња од последните светски модни трендови, па така веројатно и вчерашната комбинација е некоја од модните писти. Сепак тоа не ги спречи корисницитет на социјалните мрежи да коментираат како модната икона дошла во пижами да си ја подигне наградата.

Погледнете и оценете самите:

Како и да е Боки сепак ја краси насловната страна на првото издание на магазинот „Story“ на македонски јазик и тоа гордо го сподели со неговите фанови на инстаграм. Секоја чест за Боки!

Коментари

Популарно